
Роло и панел завеси
Роло и панел завесите се два различни типа на ролетни со различен начин на функционирање, но доаѓаат во исти бои и материјали.
Роло завеси
Роло завесите се современо решение и можат да послужат како покривка за било која просторија во вашиот дом или работно место. Достапни се во повеќе материјали, што гарантира дека ќе ја најдете вашата совршена боја, графика и стил кои одговараат на вашиот вкус за декорирање. Исто како и кај останатите ролетни од нашата понуда, роло завесите се изработуваат по точно земени мерки. Покрај вообичаената варијанта на роло завесите која се монтира на самиот ѕид или таван, тие се достапни и во мини роло варијанта, која подразбира монтажа на самата рамка од прозорецот.
Панел завеси
Панелните завеси се варијација на вариолајтот, но со многу пошироки ленти кои служат за контрола врз приватноста и светлото. Се монтираат така што можат да се движат по корниза и компактно и уредно се редат една зад друга. Соодветни се за стаклени врати, големи прозори, тераси и слично. Доаѓаат во голем избор на бои.