За нас
Аквадро е производствена компанија лоцирана во главниот град на Р. Македонија, Скопје. Специјализирана е за производство на вариолајт завеси, роло-завеси, зебри, панелни завеси и венецијанер ролетни (алуминиумски и дрвени), со голем избор на бои и материјали.
Основана е во 2001-та година, од Гранит Таќи и Милан Бранѓолица. Компанијата е лоцирана во сопствени простории, во тивка, скоро рурална индустриска зона – одалечена не повеќе од 5 км од Центарот на Скопје. Продукцискиот капацитет на компанијата се состои од автоматски машини, сместени во две големи хали, заедно со останатите неопходности на секоја високо-квалитетна производствена компанија во третирањето прозорци. Канцеларискиот простор вклучува и изложбена соба каде можат да се видат повеќето производи.
НАША ЦЕЛ
Обезбедуваме квалитетни производи, одлична грижа за клиентите и ги следиме светските трендови во областа на системите за затемнување и уредување на прозорци.
КОНТАКТ